Достапни линкови

САД задоволни од руската одлука за неиспорака на оружје на Иран


Соединетите држави ја поздравија одлуката на рускиот претседател Дмитри Медведев да го спречи руското снабдување на Иран со противвоздушни ракети и со секакво друго оружје. Тоа, како што се наведува, е во согласност со санкциите на Обединетите нации против Техеран. Во соопштението на Белата Куќа се додава дека одлуката на Медведев покажува како Русија и Соединетите држави тесно соработуваат во остварувањето на заедничките интереси и глобалната безбедност.
XS
SM
MD
LG