Достапни линкови

Обама на средба со Отумбаева


Американскиот претседател Барак Обама се очекува в петок, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, да се сретне со претседателката на Киргистан Роза Отумбаева. Најавено е дека притоа ќе се разговара за напорите за спроведување слободни и фер парламентарни избори во таа земја кои се закажани за идниот месец. Стејт департментот за таа цел веќе има одобрено 5 милиони долари. Се страхува дека на изборите би можело да дојде до повторување на насилствата меѓу мнозинските киргизи и узбеците кои се малцинство во Киргистан.
XS
SM
MD
LG