Достапни линкови

Иванов на Балканскиот лидерски самит


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов синоќа во Њујорк имаше обраќање на Годишниот Балкански лидерски самит, што го организира Федерацијата на Балканско Американската асоцијација. Притоа тој изјави дека присуството на бизнисмени од Балканот на Форумот покажува оти луѓето кои имаат свој интерес знаат како тоа да го остварат, Балканот да има нова инфраструктура, нови комуникации, отворен простор каде што сите проблеми ќе се решаваат со дијалог. Иванов денеска во Њујорк треба да се сретне со грчкиот премиер Јоргос Папандреу.
XS
SM
MD
LG