Достапни линкови

Потпретседателот на Абхазија, повреден


Потпретседателот на отцепениот грузиски регион Абхазија Александар Анкваб бил ранет во денешниот минофрлачки напад врз неговиот дом. Официјални лица изјавија дека неговиот живот не е во опасност. Претседателот на Абхазија Сергеј Багапш оцени дека нападот бил обид за дестабилизација на регионот. Абхазија и Јужна Осетија пред дваесетина години се отцепија од Грузија. Русија ги призна како независни држави во 2008 година, по кратката војна со Грузија околу Јужна Осетија.
XS
SM
MD
LG