Достапни линкови

Кина ќе одвои повеќе пари за помош на Пакистан


Премиерот Вен Џибао најави дека Кина ќе одвои дополнителни 200 милиони американски долари помош за Пакистан. Премиерот ја најавил донацијата во Њујорк каде присуствувал на конференција за намалување на сиромаштијата. Потегот на кинеските власти следи по апелот од Соединетите Американски држави за испраќање повеќе помош за Пакистан. Претходно, официјален Пекинг испрати 47 милиони долари по мош за санирање на штетите од поплавите во Пакистан.
XS
SM
MD
LG