Достапни линкови

logo-print

Нова шанса за преговори со Иран


Петте постојани членки на безбедносниот совет при Обединетите нации даваат нова шанса Иран да ги продолжи преговорите околу спорната нуклеарна програма. Министрите за надворешни работи на Велика британија, Кина, Франција, Германија, Русија и САД вчера се сретнаа со шефот за надворешни работи на Европската унија Кетрин Ештон. По состанокот, групата соопшти дека целта на преговорите не е променета – се бара долгорочно решение за спорната нуклеарна програма на исламската репоублика а од официјален Техеран се очекува транспортирање на збогатениот ураниум надвор од земјата.
XS
SM
MD
LG