Достапни линкови

Споменик за Карпалак


Локалната самоуправа во Прилеп продолжи со изградбата на споменикот за загинатите на Карпалак

Локалната самоуправа во Прилеп продолжи со изградбата на споменикот за загинатите на Карпалак

По само две недели од почетокот, запре изградбата на споменичниот комплекс посветен на 10-темина прилепски резервисти кои животот го загубија кај месноста Карпалак за време на воената криза во 2001 година.

На одбележувањето на 9-годишнината од убиството кај Карпалак беше означен стартот на градежните работи, по само две недели изградбата беше стопирана. Во градот се создаде соообраќен метеж, кој и натаму е изразен особено во пазарни денови, зашто возилата се пренасочуваат во споредни улици. Граѓаните кои плаќаат повисоки цени на такси-услугите, како и возачите бараат што побргу да заврши реализацијата на овој проект, да нема натаму други задоцнувања, зашто е блокирано центрачното градско подрачје, делот од булеварот кој е најфреквентен.
Треба да се забрза поради сообраќајот, се згустува и
сообраќајот.

„Треба да се забрза поради сообраќајот, се згустува и сообраќајот.“

„Многу голем проблем, ова катастрофа.“

„А, за прашина нема, ама инаку за гужва, навечер поготово... многу“, забележуваат граѓаните.

Од локалната самоуправа објаснуваат дека причина за прекинот на градежните работи била неусогласенатa
Скулптурата треба да биде еден урбанистички репер на градот, кој треба да биде видлив на пресекот на осовините на трите сообраќајници кои ги опфаќа овој кружен
тек.
фактичка состојба на теренот со проектната документација. Во споменатите 15-тина дена, како што тврдат, биле отстранети техничките пропусти, па градежните работи според најавите продолжуваат непречено.

„За време на овој застој се коригираше проектната докуменација и усогласување на подземните инфраструктурни водови, коригирање на оските на движење и оските на гледање. Бидејќи ова не е само сообраќајница. Скулптурата треба да биде еден урбанистички репер на градот, кој треба да биде видлив на пресекот на осовините на трите сообраќајници кои ги опфаќа овој кружен тек“, вели Бранко Нешкоски, раководител на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови во општина Прилеп.

Тој најавува дека градежните работи од сообраќен аспект ќе завршат најдоцна за еден месец. Откако ќе биде ставен во функција кружниот тек, ќе биде распишан нов тендер за изградба на споменикот, Видиковец со височина над 20 метри. Се работи за ултра современ проект. Статичниот дел од споменикот ќе го сочинуваат 10 столбови изработени од метал, како траен симбол на прекинатите животи на 10-темина сограѓани, жртви на убиството во Карпалак. Столбовите, според проектот се спојуваат на врвот, каде ќе биде поставена ротирачка, светлечка топка. Како што потенцира Нешкоски, проектот треба да финишира до следниот 8-ми август 2011 година, кога се навршуваат точно 10 години од трагичниот настан.
Финансиската конструкција за споменичниот комплекс изнесува 35 милиони денари, а најголемиот дел од 28 милиони денари се пари од државниот буџет. Останатите средства ќе ги обезбеди прилепската локална самоуправа.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG