Достапни линкови

Протест на социјалците од Куманово


Со 2000 денари социјална помош не се преживува
Со 2000 денари социјална помош не се преживува

Дел од корисниците на социјална помош од Куманово барајќи зголемување на паричната помош.

Од вкупно околу сто илјади корисници на социјална помош во државава, во Куманово се над две илјади. И покрај тоа на протестот пред Центарот за социјални работи во Куманово се појави група од педесетина социјалци. Дел од нив бегаа на страна, за да не бидат видени или како што велат се плашат да не им бидат укинати и тие илјада денари. Некои пак поради исклучена струја и лошата материјална состојба не биле информирани за организираниот протест од НВО Хоризонт-Македонија. Нивните приказни или причини за протестот се
Земам 1.500 денари социјална помош. Не сум вработен ниту јас, ниту мојата сопруга, а имаме дете кое оди во основно училиште. Барам од државата социјално да ме
заштити.
слични:

„Земам 1.500 денари социјална помош. Не сум вработен ниту јас, ниту мојата сопруга, а имаме дете кое оди во основно училиште. Барам од државата социјално да ме заштити.“

„Како можам со 1.000 денари да живеам, а жена ми не работи и имам две деца. Жена ми и децата немаат ниту документи, па не можам ни да ги лекувам.“

„Со 1.200 денари не може да се излезе на крај.А и тие доцнат. Пет члена сме. Доаѓаат и струјата да ни ја исечат,а каде се другите давачки!“

„И ние сме пет члена, ниту еден не работи. Со 2.600 денари социјална помош не може ни струја, ни вода да се платат, нема ниту за леб. Имам син и снаа, ќерка, дојдете да видите во каква состојба живееме. На суд сум зашто не можам да платам
Бараме за над сто отсто зголемување на паричната помош, да нема намалување по одреден период, да имаат право на детски
додаток.
струја.“

Ивица Младенов, претседател на НВО Хоризонт Македонија вели дека над сто илјади граѓани се на работ на егзистенција. Нивната организација со 38 илјади членови бара измени и дополнувања на Законот за социјална заштита.

„Бараме за над сто отсто зголемување на паричната помош, да нема намалување по одреден период, да имаат право на детски додаток, зашто и нивните деца се како децата на некои други, да не се доцни со исплатата, бараме по десет евра во денарска противвредност помош за секој член од семејство за подмирување на основните потреби.“

Младенов додава дека социјалците својот глас ќе го кренат во сите општини во државава. Тој смета дека Македонија може да им помогне на овие луѓе и ги отфрла сите етикетирања за припадност на било која политичка опција.

„Ние бараме подршка од сите. Од локалната самоуправа, од пратениците, зад овие граѓани не стои ниту една политичка партија. Тука стои само гладната уста.“

Малденов најави дека по протестите во 19 општини, во ноември годинава ќе се одржи протест пред Собранието на Република Македонија.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG