Достапни линкови

Иванов побара средба со Папандреу во Њујорк


Претседателот Ѓорѓе Иванов побара средба со грчкиот премиер Јоргос Папандреу на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, пренесува државната новинска агенција МИА.
Барањето за средба, како што информира Кабинетот на Иванов, е упатено преку дипломатските мисии на двете земји во Светската организација.
Во Кабинетот на Иванов очекуваат барањето да биде прифатено од грчка страна.
Претседателот Иванов останува во Њујорк и во наредните денови. По консултациите со премиерот Никола Груевски договорено е шефот на државата да го продолжи престојот и да го преземе планираното обраќање пред Генералното собрание на ОН.
XS
SM
MD
LG