Достапни линкови

ИПА средствата достапни за НВО секторот


Граѓанските организаци имаат можност да конкурираат за добивање пари од ИПА 2008. Но, колку НВО секторот е подготвен за користење на тие пари?

На граѓанските организации им се достапни 700 илјади евра. Тие во проектите со кои конкурираат за да добијат пари од ИПА 2008 треба да вложат 10 проценти свои средства од вредноста на проектот. Програмскиот советник во Генералниот секретаријат на Владата на Македонија Зоран Милков, ги објаснува целите на овој проект.
Целите на проектот се поддршка на развојот и јакнењето на капацитетите на граѓанскиот сектор преку подобрено учество на организациите во процесот на подготовка на законите и регулативата.


„Целите на проектот се поддршка на развојот и јакнењето на капацитетите на граѓанскиот сектор преку подобрено учество на организациите во процесот на подготовка на законите и регулативата, понатаму специфична цел преставува зголемено учество во социјални услуги и општетствени активности, подобрени капацитети за мобилизација на ресурсите и волонтерската работа како и подобрено вклучување во полето на демократијата и владеење на правото.“

Има 5 приоритетни области за кои можат да конкурираат организациите. Тоа се учество на граѓанските организации во подоготовка на законите и во следење на нивното спроведување, развој на свеста за интеграција во ЕУ, борба против корупцијата и организираниот криминал и јакнење на соработката меѓу самите граѓански организации и нивна соработка со локалната самоуправа.

Лидија Димова и Фани Каранфилова-Пановска на прес-конференција во НВО-инфоцентарот во Скопје

Една граѓанска организација може да конкурира за еден од приоритетните области и може да добие од 30 до 60 илјади евра за проектот со кој конкурирала. Ирена Иванова од Делегацијата на Европската унија во Македонија објаснува дека од претходното искуство одлучиле сега да резервираат исто пари за секој приоритет:
Затоа што немаат капацитет Невладините организации, проблемот што го имаат е во финансискиот капацитет.


„Со што би обезбедиле еднаква застапеност на идеи, што значи дека ќе има пет листи со од секој приоритет.“

Досегашните искуства покажуваат дека земјата е на дното при предлагање на проекти за европско финансирање. Причината зошто Македонија користи малку пари од Европските фондови, директорката на македонскиот центар за европско образование, Лидија Димова ја гледа во немањето доволно добра стратегија како со парите на европските фонови да ги заврши реформите што ги бара Европската унија. Димова вели дека има пари, но тие се само програмирани и нема кој да ги повлече:

„Затоа што немаат капацитет невладините организации, не се работи за капацитет во смисла на административно водење, бидејќи тоа е веќе вториот проблем на кој што ќе наидат, се уште НВО-секторот се нема судрено со тој проблем, проблемот што го имаат е во финансискиот капацитет.“

Парите од ИПА 2008 треба правилно да се искористат и да не се злоупотребуваат, затоа што ако дојде до злоупотреба парите можат да се замрзнат.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG