Достапни линкови

Министрите од членките на НАТО разговараа за Западен Балкан


Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО се сретнаа на вечера во Њујорк, чиј домаќин беше американскатa државнa секретарка Хилари Клинтон. Тие, меѓу другото, разговараа и за состојбите на Западен Балкан.
По вечерата, министерот за надворешни работи на Романија Теодор Баконски изјави дека „ треба да бидат направени напори на европскиот пат на Србија“, како и во соработката меѓу ЕУ и Босна и Херцеговина.
На вечерата присуствуваше и шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски.
XS
SM
MD
LG