Достапни линкови

Русија нема да му испорача ракети на Иран поради санкциите на ОН


Началникот на генералштабот на руската армија Николај Макаров рече дека ги откажале плановите за продажба на ракети С-300 на Иран, поради санкците на ОН против оваа земја. Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров рече дека санкциите не се однесуваат на ракетите С-300.
Русија и Иран потпишаа договор за испорака на ракетите пред неколку години, но тие се уште не се испорачани поради притисокот од САД и од Израел.
XS
SM
MD
LG