Достапни линкови

Нападнати луѓе зашто пиеле алкохол во Турција


Пет луѓе се повредени синоќа откако жители на Истанбул нападнале гости на арт-галерија заради тоа што конзумирале алкохол на улица.
Околу 30 мажи со ножеви, стапови и железни прачки нападнале стотина луѓе кои присуствувале на отворање изложба во галеријата.
Една од нападнатите жени изјави дека напаѓачите извикувале Алах акбар кога ги нападнале.
Полицијата уапсила само еден од напаѓачите.
Консумирањето алкохол во Турција предизвикува тензии меѓу приврзаниците на секуларните принципи и конзервативните муслимани.
XS
SM
MD
LG