Достапни линкови

Закон за недискриминација


Скопје

Скопје

Пред формирање на комисијата за заштита од дискриминација, експертите велат дека нејзината финансиска зависност не нуди гаранција дека таа непристрасно ќе си ја исполни функцијата.

Комисијата за заштита од дискриминација може да биде контролирана од власта и да не си ја исполни својата функција, предвидуваат експертите. Пред непосредното формирање на телото кое треба да го надгледува спроведувањето на законот за недискриминирање, експертите велат дека власта може финансиски да ја контролира комисијата и да си обезбеди комисијата да не се меша во работата на власта. Професор Мирјана Најческа вели дека вака како што е предвидено, комисијата има широк мандат, а органичени можности:
Не е обезбедена финансиска независност на комисијата, тоа значи дека во секој момент власта може да ја димензионира финансиската поддршка на Комисијата.


„Ова е единствена комисија каде што е предвидено точно колкава ќе биде платата на членовите на комисијата, односно дека ќе биде две просечни плати. Не е обезбедена финансиска независност на комисијата, тоа значи дека во секој момент власта може да ја димензионира финансиската поддршка на Комисијата.“

Граѓански марш за толеранција низ улиците на Скопје на 16 ноември 2009 година

Освен тоа, граѓаните ќе мораат сами да докажуваат дека се дискриминирани, наспроти светската пракса дискриминаторот да докажува дека не е виновен. А комисијата ќе постапува само кога некој ќе поднесе претставка до неа. Предвидено е Комисијата да биде составена од 7 членови кои ги изгласува Собранието и за кои единствен услов е да имаат завршено високо образование и да имаат познавање од областа. Во Министерството за труд и социјала, пак, сметаат дека законот и комисијата реално ќе ги штитат правата на маргиналните групи граѓани.

„Со помош на Комисијата која ќе има обврска, а ќе има и моќ правна, за да ги поврзува системите и да го припремат предметот за докажување“, вели Душко Миновски од Министерствот за труд и социјална политика.

Александар Кржаловски од МЦМС вели дека фокусот треба да се стави на формирање кавалитетна комисија која подоцна ќе може да се справи со случаите на дискриминација. Кржаловски вели дека засега проблем е што не се знае кое е нивото на дискриминација.
Бидејќи има многу мал број случаи досега поднесено.


„Бидејќи има многу мал број случаи досега поднесено, и ако имало за правна заштита, единствено кај Народниот правобранител има регистрирано и минатата и предминатата година, но многу мал број 10 до 12 случаи годишно кои се квалифицирани како дискриминација.“

Законот треба да започне да функционира од почетокот на 2011-тата, откако ќе биде формирана комисијата.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG