Достапни линкови

Балканска историја без предрасуди


Деновиве во Белград беше претставено второто издание на учебникот „Настава по модерна историја на Југоисточна Европа“. Станува збор за заеднички историски проект, на кој десетина години работеа десетици експерти од регионот. Целта на проектот е спречување на злоупотребата на историјата, разбивање на националните митови и промоција на демократските европски вредности.

Историјата на просторите на Западен Балкан се уште предизвикува контроверзи. Секоја држава ја толкува на на свој начин, а прашањата кои ги збунуваат не само учениците, туку и наставниците, стануваат се помногубројни.

„Зошто акцијата ’Бура‘ за Хрватите е победа, а за Србите пораз или истото тоа прашање не е ништо помалку актуелно и за српското и турското толкување на средниот век“, вели уредникот на Заедничкиот историски проект Дубравка Стојановиќ.

Злоупотребата на историјата во контекст на актуелните политички случувања е вообичаена појава во земјите на регионот. Затоа, како што вели Александра Јоксимовиќ од Центарот за
Историјата досега е користена за повторно да се војува поради неа. Ајде да се обидеме историјата да биде фактор на мирот и помирувањето.
помирување, ваквите книги помагаат за поаналитчко размислување.

„Опасноста од вакви злоупотреби не престанува да постои. Историските читанки како оваа ги разбиваат националните митови и стереотипи инкорпорирани во образовните програми на сите земји во регионот. Тие придонесуваат за разбирање на нашите соседи на нашите разлики.“

Промоција на книгата „Модерна историја на Југоисточна Европа“ во Белград

Во книгата се обработени четири области и периоди кои на Балканот се сметаат за најконтроверзни: Османлиската империја, Нациите и државите во Југоисточна Европа, Балканските војни и Втората светска војна.

„Историјата досега е користена за повторно да се војува поради неа. Ајде да се обидеме историјата да биде фактор на мирот и помирувањето“, вели Дубравка Стојановиќ.

Заедничкиот историски проект почна во 1998 година, а првите книги излегоа пред пет години. Сега изданието е дополнето и отпечатено на српски, хрватски, босански, македонски, албански, грчки и турски јазик.

Авторите нагласуваат дека во книгите се поместени само спорните прашања и оти во тоа е нивната најголема вредност. Исто така, како што додаваат, ваквите книги кои ги разбиваат предрасудите всушност не се учебници, туку некој вид на дополнителен наставен материјал.

Имено, извршената компаративна анализа на сегашните учебници по историја во регионот, според нив, можат да бидат извор на нови недоразбирања, судири и конфликти.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG