Достапни линкови

40 милијарди долари за здравјето на жените и децата


Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун денеска соопшти дека ќе бидат издвоени 40 милијарди долари за подобрување на здравјето на жените и децата и оти со тоа ќе бидат спасени милиони животи во светот. Според Бан Ки Мун, влади, филантропи и други групи ветиле донации за Глобалната стратегија за здравјето на жените и децата. Инаку, во Њујорк продолжува самитот за Милениумските цели на Обединетите Нации, а меѓу денешните говорници ќе бидат и американскиот претседател Барак Обама и кинескиот премиер Вен Џибао.
XS
SM
MD
LG