Достапни линкови

Советниците на Обама против стратегијата за Авганистан?


Во сеуште необјавената книга на новинарот – ветеран Боб Вудвард, ,,Војните на Обама”, се наведува дека главните безбедносни советници на Обама биле поделени околу стратегијата за војната во Авганистан, иако таму претседателот тројно ги зголеми трупите. Некои од нив, меѓу кои и Ричард Хоолбрук, отворено говореле дека таа стратегија нема да успее. Во книгата, чии делови објави Њујорк Тајмс, се наведува и дека авганистанскиот претседател Хамид Карзаи имал депресија и земал лекови.
XS
SM
MD
LG