Достапни линкови

Што поскоро да биде решен спорот со името, бара Џо Бајден


Неопходно е лидерите во Атина и во Скопје што поскоро да ги надминат разликите околу прашањето за името и да постигнат заедничко прифатливо решение, изјавил американскиот потпретседател Џо Бајден на синоќешната средба со грчкиот премиер Јоргос Папандреу во Вашингтон. Во соопштението за средбата што го објави Белата куќа, се наведува дека Бајден ги поздравил заложбите на грчкиот премиер за побрза интеграција на земјите од Југоисточна Евроа во евроаталантските институции. Папандреу, пак, како што пренесуваат грчките медиуми, истакнал дека Атина има политичка волја за решавање на прашањето за името и оти е неопходен соодветен одговор од другата страна.
XS
SM
MD
LG