Достапни линкови

Прекинат железничкиот сообраќај кон и од Грција


Железничкиот патнички сообраќај кон и од Грција денеска и утре ќе биде во прекин поради најавениот генерален штрајк на грчките железничари. Меѓународните патнички возови, како што соопштија Македонски железници, ќе сообраќаат само до Гевгелија и ќе тргнуваат од овој град. За време на штрајкот, според информациите на Грчките железници, за патниците кои патуваат од Гевгелија за Солун и обратно, ќе биде обезбеден локален трансфер.
XS
SM
MD
LG