Достапни линкови

Рединг останува на критиките за Франција


Европската комесарка за правосудство Вивиен Рединг изјави дека останува на критиката за Франција поради политиката спрема Ромите, оценувајќи дека излегла посилна од полемиката која ја предизвикаа нејзините изјави. Кога маж ќе удри со раката на маса за него се вели дека е мажествен, а ако тоа го стори жена, за неа велат дека дека е хистерична, истакна Рединг на прес конференција во Стразбур, на која прв пат говореше за својата изјава од пред една недела, која предизвика револт кај француската влада. Рединг тогаш му се закани на Париз со суд и го спореди протерувањето на Ромите од Франција со депортацијата за време на Втората светска војна.
XS
SM
MD
LG