Достапни линкови

logo-print

Зголемен меѓународниот притисок врз Израел


Мировниот квартет за Блискиот исток се приклучи кон меѓународниот притисок врз Израел да го продолжи мораториумот на изградбата на населба за Евреите на Западниот брег. САД, Русија, ЕУ и ОН сметаат дека мораториумот прогласен во ноември минатата година има позитивно влијание и оти едностраните акции од која било страна, вклучувајќи го и населувањето, не можат да го прејудицираат исходот на преговорите, и дека меѓународната заедница нема да ги признае таквите активности. „Квартетот“ ги повика Израелците и Палестинците да најдат начин да се обезбеди продолжување на конструктивни преговори и ја повика меѓународната заедница да ги поддржи нивните напори.
XS
SM
MD
LG