Достапни линкови

Правата на хомосексуалците во армијата на САД пред Сенатот


Американскиот Сенат го отфрли предлогот за укинување на прописот со кој на хомосексуалците во Оружените сили на САД им се наметнува да го кријат своето сексуално определување. Со тоа опозициските републиканци, поддржани од неколку сенатори- демократи, во горниот дом на Конгресот, со 56:43 гласови, на неодредено време го одложија разгледувањето на прашањето кое предизвика остра дебата во американската јавност. Белата куќа веднаш соопшти дека е разочарана од исходот на гласањето во Сенатот.
XS
SM
MD
LG