Достапни линкови

logo-print

Ромската НВО „Даја“ од Куманово со нови проекти финансирани од американска фондација за заштита од дискриминација пред се на ромското население.

Невладината ромска организација „Даја“ од Куманово започна со реализирање нов проект за заштита на дискриминираните лица, со приоритет на ромското население. Овој проект опфаќа и можности и за правно застапување на суд. Проектот е финансиран од американска фондација, вели Емина Сулејмановска.

„Новиот проект е насловен „Партнерство за заштита, превенција и промоција на Ромите. Целта на проектот е заштита на Ромите од тековните насилства и дискриминаторска практика и спречување на дополнителната маргинализација преку подобрување на пристапот до правдата и зголемување на јавната правна свест.“

Проектот е регионален бидејќи ги опфаќа Бугарија и Романија, а во него се синтетизирани и трибини за дискриминација на населението и заштита на неговите права. Нема да изостане ниту медиумска кампања која опфаќа спотови и брошури.
За правното застапување пак:

„„Даја“ќе има свој тричлен стручен тим, правник, координатор и правен асистент и ќе може да застапува и на суд.“

Оваа ромска НВО го реализира и третиот циклус за жени Ромки и нивното поголемо партиципирање во политиката, а во градинката пак до сега се згрижени 50-ина Ромчиња во две старосни групи. Во тек е и инклузија на децата Ромчиња и соработка со пет училишта во Куманово.

„Инклузија на децата Роми во јавни и предучилишни установи подразбира соработка со градинката „Ангел Шајче“, во која е предвидено дас

Вели Емина Сулејмановска.
Меѓутоа и покрај сите заложби на „Даја“ да му помогне на ромското население во Куманово, во основото училиште „11 Октомври“ каде според реонализацијата ромските основци се најзастапени, од почетокот на учебната година 30-ина деца воопшто не се појавуваат на настава. Според надлежните во училиштето, половина од нив со родителите спас од тешката економска состојба побарале во некоја од поразвиените земји, а другата половина пак од за сега непознати причини не оди на настава.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG