Достапни линкови

По три месеци затвор за напаѓачите на новинарот Теофил Панчиќ


По три месеци затвор добија двајцата младинци што го претепаа познатиот српски новинар Теофил Панчиќ. Тие се одудени за насилничко однесување, затоа што со метални прачки го претепаа новинарот во автобус во Белград. Изречена им е и забрана да не смеат да му се приближат на Панчиќ на помалку од 100 метри. Обвинителството најави дека ќе се жали. Оштетениот Панчиќ наведува дека казната што ја добиле осудените е двојно пониска од минимално пропишаната во законот.
XS
SM
MD
LG