Достапни линкови

40 млади Европјани дневно умираат од насилна смрт


Светската здравствена организација соопшти дека секоја година во Европа умираат повеќе од 15 илјади млади луѓе од насилна смрт. Во 40 отсто од случаите жртвата е избодена. СЗО оценува дека насилната смрт на 40 млади луѓе дневно е огромна загуба за општеството. Најопасни држави за младите се Русија, Албанија и Казахстан. На секој убиен младинец, има 20 претепани кои побарале болничка помош.
XS
SM
MD
LG