Достапни линкови

logo-print

Груевски: Грција создаваше лажни надежи за решавање на спорот


Премиерот Никола Груевски денеска оцени дека последните изјави на грчкиот премиер Јоргос Папандреу и на министерот за надворешни работи Димитрис Друцас во Њујорк покажале оти надежите за решавање на спорот за името што ги создаваа во изминатиот период биле лажни, бидејќи повторно излегуваат со крајно радикални позиции. Груевски рече дека владата на Папандреу има можеби и „порадикална“ позиција од претходната Влада на Караманлис, што според него, е прилично загрижувачки.
Повторувањето на позициите за „ерга омнес“, односно за име со географска одредница за севкупна употреба, а ако е потребно и за промена на Уставот, според македонскиот премиер, покажуваат дека кај грчката страна нема поместување.
XS
SM
MD
LG