Достапни линкови

ОБСЕ ќе ја истражува смртта на белоруски опозиционер


Двајца криминолози од ОБСЕ ќе работат на истрагата за смртта на белорускиот опозициски активист Алех Бебенин, заедно со белоруската полиција. Бебенин беше пронајден обесен на својот имот во близина на Минск. Властите првично тврдеа дека се самоубил, но под притисок на меѓународната заедница отворија истрага за случајот.
XS
SM
MD
LG