Достапни линкови

Директни преговори?


Премиерите на Македонија и Грција Никола Груевски и Јоргос Папанреду на средбата во Брисел
Премиерите на Македонија и Грција Никола Груевски и Јоргос Папанреду на средбата во Брисел

Можни ли се директни македонско-грчки преговори за името меѓу раководствата на двете земји, согласно оптимизмот на Нимиц дека тоа може да доведе до решение?

Зголемен оптимизам и чувство на доверба дека спорот за името македонската и грчката страна можат да го решат на повисоко ниво меѓу раководствата на двете земји, изрази медијаторот Нимиц истовремено додека Грција го потвдри неотстапувањето од црвените линии, а македонскиот премиер, наспроти оптимистичките и понагласени повици за решавање на спорот кои што дојдоа од генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун како и од медијаторот Нимиц по средбите со македонските и со грчките претставници, се уште не потврдил дали ќе
Нашето водство во континуитет води игнорантска политика значи ја игнорира реалноста со што видно ги оштети, ги ослабна нашите преговарачки позиции.
отпатува за Њујорк. Во меѓувреме, оттаму Грција, преку шефот на дипломатијата Друцас, изрази жалење што со тоа нема да се одржи најавуваната средба Груевски Папандреу. Ако ништо друго, продолжува нивната симулација на иницијативност, велат дел од македонските експерти, додека на наша страна игнорантскиот однопс којшто оди на штета на преговарачките позиции.

„Нашето водство во континуитет води игнорантска политика значи ја игнорира реалноста со што видно ги оштети, ги ослабна нашите преговарачки позиции. Ништо чудно доколку нашата власт продолжи со тоа, но цехот ќе го платат сите луѓе“, вели професорот Мерсел Биљали.

Од друга страна, и покрај позитивниот став и очекувања решението да се бара меѓу раководствата на двете земји, некои од експертите на нив гледаат повеќе како на охрабрувачки и на нешто што произлегува од неуспехот на досегашните предлози и од највисоките ингеренции на премиерите да одлучуваат за решението од друга страна. Во суштина, она што покажале и досегашните директни средби, велат експертите не остава простор за оптимизам се додека
Затоа што ако тие имаат црвени линии, ако ние имаме црвени линии, тогаш неможе во никој случај да се дојде до некакво заедничко решение.
позициите на двете страни остануваат толку тврди.

„Затоа што ако тие имаат црвени линии, ако ние имаме црвени линии, тогаш неможе во никој случај да се дојде до некакво заедничко решение бидејќи тие се оддалечени едни од други. Тука нема многу простор за разговор“, изјави политикологот Владимир Божиновски.

Изјавите кои упатуваат на продолжување на процесот на директните контакти меѓу водствата на двете земји, тој ги смета за логични, но и за политички, а директните средби за уште помалку корисни ако се земат и последните изјави на премиерот Папандреу во Њујорк кои ги потврдуваат црвените линии, освен ако не се дадени во контекст на предизборниот период во Грција.

Од друга страна, македонската страна нема ни јасни позиции, ниту пак црвени линии што според Билјали покажува само отсуство на желба да се дојде до решение. Доколку премиерот не отпатува во Њујорк тоа би можело да се гледа и како минирање на можните преговори, додава Билјали. Од кабинетот на премиерот ниту денеска нема информација дали тој ќе замине на Генералното собрание на ОН.
XS
SM
MD
LG