Достапни линкови

logo-print

Иванов: Нова блокада од Грција


Во Њујорк е во тек тридневна конференција на Обединетите нации која има за цел преиспитување на начините за преполовување на сиромаштијата до 2015 година. За милениумските развојни цели што пред десет години ги постави Светската организација говореше и претседателот Ѓорѓе Иванов кој ја обвини Грција за попречување на екомонскиот развој на Македонија.

Констатирајќи дека Македонија е целосно посветена на Милениумските развојни цели и оти има постигнато извесни резултати, претседателот Ѓорѓе Иванов оцени дека тоа не може да се каже и за делот од целите кои се однесуваат на сиромаштијата и партнерството за развој.

„За жал морам да ви кажам дека Македонија е попречена во економскиот развој од својот прв сосед. Имаме наметнат проблем околу името кој освен на политички план ни создава сериозни импликации во економскиот развој, во привлекувањето странски инвестици, нешто што може директно да ја намали сиромаштијата и невработеноста.“


Според Иванов, Македонија 15 години по првото трговско ембарго од Грција се соочува со нова блокада која, како што рече, ги нема карактеристиките на претходното ембарго, но ги има истите последици.

Претходно, на отворањето на тридневниот самит, генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун им порача на светските лидери да не ги балансираат буџетите на нивните земји врз грбот на сиромашните.

Тој исто така побара од нив да не се откажуваат од ветената помош што ја нарече спасоносна врска на милијарди луѓе за милијарди луѓе.

„И покрај пречките, и покрај скептицизмот и покрај приближувањето на крајниот рок 2015, Милениумските развојни цели се
Македонија 15 години по првото трговско ембарго од Грција се соочува со нова блокада која ги нема карактеристиките на претходното ембарго, но ги има истите
последици.
остварливи“, изјави Бан Ки-Мун.

Глобалната рецесија ги стави во мирување повеќето заложби на развиените земји да помогнат во справувањето со екстремната сиромаштија, во обезбедувањето основно образование за сите деца, во намалувањето на нивната смртност и во спречувањето на сидата.

Затоа пак, како што беше нагласено, е остварено нешто што воопшто не беше меѓу целите за преполовување на сиромаштијата. Станува збор за брзиот развој на економиите на Кина и Индија кои доведоа до извесно ублажување на проблемот.

Но, според генералниот секретар, земјите со вакви успешни приказни се уште се кревки и светските лидери мора да помогнат за нивен одржлив развој.

Некои од нив како францускиот претседател Никола Саркози најави зголемување на годишните средства за Фондот на Обединетите нации за борба борбата против сидата, маларијата и туберкулозата.

И Соединетите Држави најавија удвојување на средствата наменети за развој од 25 на 52 милијарди долари.

Сепак, како што вели Стујарт Петрик од Советот за надворешни односи, и покрај заложбата на Барак Обама да напише нов чек, Конгресот може тоа да не го одобри. Некои земји пак, според него, едноставно сега немаат доволно пари.

„Овие цели се многу амбициозни и ќе биде тешко да се остварат навреме, особено по глобалната екомомска криза.“

Генералниот секретар Бан Ки-Мун пак, смета дека за остварување на целите сега се доволни 25 милијарди, а до 2015 повеќе од 100 милиради долари.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG