Достапни линкови

logo-print

Конгрес на владејачката партија на Северна Кореа


Владејачката Работничка партија на Северна Кореа соопшти дека на 28 септември ќе одржи конгрес на кој ќе го избере новото партиско раководство. Агенциите шпекулираат дека ова потврдува оти лидерот Ким Џонг Ил ги забрзал плановите за избор на негов наследник. Се верува дека тој во 2008 година претрпел мозочен удар и оти од тогаш неговото здравје било многу нарушено. Аналитичарите сметаат дека тој ќе биде заменет од неговиот најмлад син Ким Џонг Ун.
XS
SM
MD
LG