Достапни линкови

Капчан: крајно време за решавање на спорот со името


,,За решавање на спорот со името е неопходна дисциплинираност и поголемо посредништво од Eвропејците, изјави директорот на европски истражувања во Советот за односи со странство Чарлс Капчан, во интервју за Гласот на Америка. Според него, време е двете страни да се откажат од играта на обострано обвинување и да се зафатат со задачата да го решат прашањето. ,,Потребна е креативност, да се најде формула со која Македонците сметаат дека го зачувале својот културен, историски идентитет. Мислам дека најдобриот збор би бил решение со кое ќе се спаси образот за Грците. Да бидеме реални, она што се случи е дека прашањето ескалираше и доби поголемо значење отколку што заслужува,, изјави тој, изразувајќи уверување дека двете страни почнале да увидуваат оти е време за пресврт.
XS
SM
MD
LG