Достапни линкови

Нимиц: не е време за конечен предлог


Медијаторот Метју Нимиц по синоќешната средба во Њујорк со шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас изјави дека евентуалниот нов предлог за решавање на спорот со името мора да биде подготвен многу внимателно. ,,Имаме многу работи на маса кои двете страни треба да ги земат предвид и да ги разгледаат,, рече Нимиц. Друцас ги повторил грчките позиции за прашањето: име со географска одредница за севкупна употреба. Му порачав на медијаторот Нимиц дека и полтичкото раководство во Скопје треба да дојде на преговарачката маса во ОН со конструктивен дух. За жал досега не видовме таква подготвеност од другата страна,, изјави Друцас, кој изрази жалење што, македонскиот премиер Груевски нема да биде во Њујорк каде што имало можност за нова директна средба и разговори со премиерот Папандреу.
XS
SM
MD
LG