Достапни линкови

logo-print

Иванов: нова блокада од Грција


,,За жал морам да ви кажам дека Македонија е попречена во економскиот развој од својот прв сосед. Имаме наметнат проблем околу името кој освен на политички план ни создава сериозни импликации во економскиот развој, во привлекувањето странски инвестици, нешто што може директно да ја намали сиромаштијата и невработеноста.,, Ова го изјави македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во обраќањето на тридневната конференција на Обединетите нации во Њујорк која има за цел преиспитување на начините за преполовување на сиромаштијата во светот до 2015 година. Според Иванов, Македонија 15 години по првото трговско ембарго од Грција се соочува со нова блокада која, како што рече, ги нема карактеристиките на претходното ембарго, но ги има истите последици.
XS
SM
MD
LG