Достапни линкови

Независно Косово е фактор на стабилност на регионот


Независно Косово е фактор на стабилност на регионот, е заедничката оценка на претседателите на собраниските комисии за надворешна политика на неколку земји од Југоисточна Европа.Преставници од Македонија,Албанија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска , Турција и Косово во Пришнина одржаа состанок на кој заклучија дека независноста на Косово отвара перспективи за регионална и европска интеграција. Претседателите на собраниските комисии за надворешни работи ги повикаа земјите да го признаат Косово. Во заедничката изјава се наведува дека тие подржуваат дијалог кој е во интерс на луѓето од регионот, и го подржуваат дијалогот меѓу Србија и Косово за решавање на прашањата од заеднички интерес.
XS
SM
MD
LG