Достапни линкови

Бан Ки Мун:да не се запре со помош за сиромашните земји


Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, ги повика донаторските земји и понатаму да даваат помош за сиромашните земји и покрај светската економска криза . Повикот, генералнито секретар го испрати на почетокот на тридневниот самит на кој се разгледуваат милениумските цели врзани за справување со сиромаштијата до 2015-та. Шпанскиот премиер Хозе Луис Родригез Запатеро, чија земја е силно погодена од економската криза, повика светот да разгледа и други начини за финансирање на програми за справување со сиромаштијата, гладот и климатските промени. Запатеро и францускиот претседател Николас Саркози повика да се оданочат финансиските трансакции за да собере пари за борба против сиромаштијата. Грузискиот претседател Михаил Саакашвили изјави дека на земјите нема да им биде потребна помош ако тие развијат сопствени програми за борба против сиромаштијата. Светската банка објави дека ќе потроши дополнителни 750 милиони долари за едукација во текот на следните пет години.
XS
SM
MD
LG