Достапни линкови

Протести во Шведска поради екстремната десница


Илјадници луѓе протестираа во центарот на Стокхолм поради влегувањето на екстремната десница во парламентот, по изборите кои се одржаа во неделата. Според податоците на полицијата, на мирниот протест имало повеќе од 6.000 луѓе. Демонстрантите се противат на анти -имиграционата политика на екстремните десничари. Протест имаше и во Гетеборг , вториот по големина град во Шведска. На изборите во неделата победи владејачката партија на десниот центар ,а екстремната десница за првпат влезе во парламентот.
XS
SM
MD
LG