Достапни линкови

Интеграција на бегалците од Косово


Од неодамнешната донација од американската амбасада за бегалците од Косово

Од неодамнешната донација од американската амбасада за бегалците од Косово

Од министерството за труд и социјала ветување дека ќе биде преземено се што е потребно за интеграција на бегалците од Косово.

Со ветување дека ќе биде сторено се што е потребно за интеграција на бегалците од Косово во земјава, заврши редовната средба меѓу министерот за труд и социјална политика Џељал Бајрами и евроамбасадорот Ерван Фуере. Поголемиот дел од лицата кои по конфликтот од пред десеттина години останаа во Центарот за поддршка на бегалците се се уште во земјава, а трошоците за нивно домување ги
Идејата е да се охрабри Владата и сите надлежни институции да ги продолжат напорите за реформите. Сигурен сум дека Владата ќе направи се што треба за да го прифати овој извештај и да го употреби како водач за успех во месеците што
следуваат.
подмирува ресорното министерство:

„Ние за сите тие лица кои што се прилично во голем број освен тоа што плаќеме за социјална помош за сите тие кои што согласно законските прописи, плаќаме и за нивно домување и режиските трошоци“, изјави министерот Бајрами.

Тој додаде дека крајната цел на нивното интегрирање ќе биде стекнување со македонско државјанство.
По неодамнешните забелешки од Меѓународната заедница дека надлежните институции треба да преземат мерки за да ја подобрат состојбата на бегалците во земјава, евроамбасадорот Фуере изрази надеж дека состојбите во оваа област ќе се подобрат до излегувањето на ноемврискиот извештај на комисијата.

„Идејата е да се охрабри Владата и сите надлежни институции да ги продолжат напорите за реформите. Сигурен сум дека Владата ќе направи се што треба за да го прифати овој извештај и да го употреби како водач за успех во месеците што следуваат“, рече Фуере.


Неодамна во центарот за поддршка во населбата Шуто Оризари беа донирани средства од страна на Американската амбасада во земјава. Сепак од Црвениот крст посочуваат дека е тешка ситуацијата на семејствата кои живеат таму.

„Сепак овие лица се надвор од својата земја и тоа е разликата кога би ги споредувале со нашите државјани. Меѓутоа поддршката што доаѓа од Црвениот крст и нашите партнери се трудиме да ја ублажиме слабата економска состојба. Разликата е и во тоа што овие луѓе со со многу ниско образование и многу е тешко за нив да се изнајдат трајни решенија во државава“, вели секретарот на Црвениот крст во Скопје, Сузана Тунева Пауновска.

Во моментот во центарот живеат 400 семејства или 1500 лица кои се уште не се вратиле дома.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG