Достапни линкови

Наставниците без хонорари


Училиште
Училиште

Иако наставниците во дебарската гимназија Здравко Чочковски веќе три години држат настава по турски јазик во училиштето во Центар Жупа, се уште немаат земено хонорари.

И покрај тоа што во дебарската гимназија Здравко Чочковски, пред повеќе од три години стартуваа и паралелки со настава на турски јазик во истурените паралелки во Центар Жупа, сепак образовниот кадар кој ја реализира наставата не ги добива потребните хонорари. Имено наставниците се во редовен работен однос во ОУ Мустафа Кемал - Ататурк во Центар Жупа, каде што се отворени истурените гимназиски паралелки на турски јазик. Тие добиваат плата за наставата што ја одржуваат во основното училиште, но за часовите шт ги предаваат во гимназиските паралелки до сега немаат добиено ниту денар од надлежните институции.

„Ова е четврта година како што одржуваме настава на турски јазик во паралелките на Дебарската гимназија во Жупа. Јас сум вработена во основното училиште. Проблемот е актуелен но до сега нема решение. Наставниците од паралелките со настава на турски јазик работат без да им се плати надомест. Случајот е актуелен а проблемот не се решава ниту од управата на гимназијата ,,Здравко Чочковски,, ниту пак од локалната власт. Според наши информации Министерството за образование, по донесената одлука за настава на турски јазик има донесено и буџет. Парите се пуштаат во Дебар, но од кои причини не се префрлаат кај нас, немаме информации. Тоа до сега никој не го кажува“, објаснува професорката по турски јазик и литература Емел Рамадан.

Таа подвлкекува дека и оваа нова учебна година проблемот е и натаму актуелен.

„Проблемот за жал е присутен и оваа учебна година. Ние како наставници ја продолжуваме наставата. Одговор за овој проблем нема ниту на стартот на оваа учебна година.“

Наставниот кадар вклучен во наставата во паралелките со настава на турски јазик нема да ја бојкотира наставата, но изразува
Проблемот за жал е присутен и оваа учебна година. Ние како наставници ја продолжуваме наставата. Одговор за овој проблем нема ниту на стартот на оваа учебна
година.
чудење како е можно да се носи одлука за отворање на настава на јазик на етничка заедница, во случајот турска, без да се расчистат состојбите со буџетот.

„Средното образование сега е задолжително. Но, сепак од страна на министерството за образование не се даваат насоки како ке се реши проблемот. Ја продолжуваме наставата бидејки има одредени активности на градоначалникот на општина Центар Жупа за да се надмине проблемот“, вели Рамадан.

Како дебарската гимназија така и локалните власти на општините Дебар и Центар Жупа немаат официјален одговор за настанатиот проблем. Проблемот ги иритира и родителите на учениците во општина Центар Жупа, бидејќи според нив состојбата може негативно да се одрази и врз воспитно образовниот процес. Воедно тие велат дека нема место за вакви проблеми, бидејќи сега средното образование е законска обврска за учениците.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG