Достапни линкови

Ниска откупна цена на млекото


Сточарите се жалат на ниска откупна цена на млекото
Сточарите се жалат на ниска откупна цена на млекото

Кумановските сточари се жалат дека откупната цена на млекото од 16 денари е премногу ниска за да се покријат трошоците.

Висината на цените на семенските и заштитните материјали и на горивото е висока, а откупната цена на земјоделските производи е ниска, велат земјоделците, незадоволни од исплатливоста на нивниот труд. Од нивниот труд тие не можат само да се прехранат. Сточарите пак велат дека откупната цена на млекото е ниска, па и тоа им создава проблеми.
Шеесетипетгодишниот земјоделец Драги Димовски од селото Младо Нагоричане раскажува дека иако во селото имаат вода,
Проблем е млекото. Многу труд вложуваме. Кравите ги храниме, а млекото го продаваме за 16 денари, а водата е 20 денари. Се мачиме, а трудот не ни е платен.
асфалтирани патишта, училишта за децата и останати удобности за релаксиран селски живот, не можат да заработат за нормална егзистенција. А и невработеноста е проблем за помладата популација.

„Проблем е млекото. Многу труд вложуваме. Кравите ги храниме, а млекото го продаваме за 16 денари, а водата е 20 денари. Се мачиме, а трудот не ни е платен.“

Вели овој земјоделец и додава:

„Невработени се децата. Ние сме 13-мина во моето семејство и никој не работи.“


Ниви имате?

„Ниви имаме, ама горивото е скапо, семенскиот материјал, ѓубривото. И многу тешко се обработува, а нема да се роди ниту за нашите потреби.“

За помошта на сточарите во Подрачното министерство за земјоделство Скендер Алии вели дека таа се состои од субвенции.
Министерството за земјоделство дава субвенции по грло две и пол илјади денари и по литар млеко два и пол денари. Реално гледано согласно кризата реално е тоа.


„Министерството за земјоделство дава субвенции по грло две и пол илјади денари и по литар млеко два и пол денари. Реално гледано согласно кризата реално е тоа.“

За проблемите со откупот Алии објаснува дека тоа не е во нивната надлежност, бидјеќи државните институции не се мешаат во политиката на млекарите.

„Тоа е деловна политика на секоја млекара.“

Иако жетвата на житните култури одамна заврши откупот на житото се одвива многу бавно. Алии додава дека цената на пченицата не е дефинирана:

„Откупот на пченицата оди отежнато. Цената на пченицат ане е дефинирана. До сега се откупени само околу два ипол милиона килограми жито. Тоа е само околу 10 отсто од вкупното производство, бидејќи многумина од земјоделците житото го чуваат по амбарите поради недефинираната цена.“

Што се однесува на лозовите насади пак во Општините Старо Нагоричино,Куманово и Липково голем број земјоделци површините ги пренамениле:

„Многу од површините под лозови насади се искпачени и се пренаменети во земјоделско земјиште за житни и градинарски култури.Она што е останато земјоделците си го одгледуваат за сопствени потреби. А нема ниту винарска визба во Куманово“, вели Скендер Алии од подрачното Министерство за земјоделство во Куманово.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG