Достапни линкови

Секое трето посвоено дете во Русија повторно вратено во дом


Руските активисти за права на децата соопштуваат дека едно од три посвоени деца во Русија во изминативе три години било повторно вратено во Домовите за деца без родители. Тоа се околу 30 илјади деца. Рускиот детски фонд вели дека причина за враќањето на посвоените деца е тоа што државата не им ја исплаќала ветената парична помош на луѓето што ги посвоиле.
Според официјалните податоци, во Русија сега има рекорден број деца во Домовите, повеќе и од времето по Втората светска војна.
700 илјади деца, односно една петина од детското население во Русија е во Домови за деца без родители.
XS
SM
MD
LG