Достапни линкови

Полицијата во Романија не пишува казни поради протест


Во Романија почнаа масовните протести во организација на синдикатите против политиката на Владата за „затегање на ремените“.
Протестот денеска го почнаа полицајците. Полицајците кои протестираат дојдоа на работа, но не учествуваат во истрагите за кривични дела, не го регулираат сообраќајот и не пишуваат казни.
Ним планираат да им се придружат лекарите, учителите и другите државни службеници, незадоволни од одлуката на владата да им ги намали платите за 25 отсто.
XS
SM
MD
LG