Достапни линкови

Црвенковски на „Клинтон глобална иницијатива“


Поранешниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски ќе учествува на годишниот состанок на „Клинтон глобална иницијатива“ што од денеска до 23 овој месец се одржува во Њујорк.
Црвенковски оди во Њујорк на покана на поранешниот претседател на САД Бил Клинтон.
На годишните состаноци на „Клинтон глобална иницијатива“ досега учествувале повеќе од 125 сегашни и поранешни претседатели, 15 добитници на Нобеловата награда за мир и други видни членови на општеството.
XS
SM
MD
LG