Достапни линкови

Друцас - Нема тајна дипломатија за спорот со името


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу би се состанал со премиерот Никола Груевски, ако тој дојде во Њујорк на Генералниот Собрание на Обединетите Нации, изјави грчкиот шеф на дипломатијата Димитрис Друцас, пред неговата денешна средба со медијаторот Метју Нимиц. Друцас нагласи дека нема тајна дипломатија ниту паралелен процес за решавање на спорот со името иако директните средби и секоја помош од страна се добредојдени. Целиот процес се води транспарентно и под покровителство на Обединетите Нации, изјави Друцас.
XS
SM
MD
LG