Достапни линкови

Ахмадинеџат бара од САД ослободување на ирански затвореници


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат ги повика Соединетите Држави да ги ослободат 8-те иранци кои, според него, се затворени нелегално. Во интервју за американска телевизија, Ахмадинеџат изјави дека Иран направил хуман гест во минатата недела кога ја ослободи американската Сара Шурд и побара реципроцитет од Соединетите Држави, но не прецизира за кои иранци станува збор. Ахмадинеџат, во Њујорк оствари средба со генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, кој ја нагласил важноста од почитување на основните човекови и политички права.
XS
SM
MD
LG