Достапни линкови

Колин Пауел го подржува Обама


Пензионираниот генерал Колин Пауел, кој е умерен републиканец, вели дека републиканците треба да му се спротивстават на американскиот претседател Барак Обама со политика, а не како што рече, со глупости. Пауел оцени дека маргинални елементи од децницата задаваат „ниски удари“ со тоа што го нарекуваат Обама „муслиман роден во странство“. Барак Обама е роден во САД и е христијанин.
Пауел рече дека не се откажува од Републиканската партија, но дека би можел да му помага на Обама ако републиканците победат на изборите за Конгресот во ноември. Тој смета дека републиканците треба да преземат одговорност за политиката, а не само да ги критикуваат демократите.
XS
SM
MD
LG