Достапни линкови

Груевски - ЕУ и НАТО се наша цел


Нашата цел е да станеме полноправна членка на ЕУ и НАТО, изјави премиерот Никола Груевски. Тој рече дека Македонија бара начин за надминување и на спорот за името со Грција.
Ова беше негов коментар на изјавата на првиот посредник во преговорите за името Робин О’Нил кој рече дека Македонија не треба да го смени името и како компензација на членството во ЕУ и НАТО да добие статус на соработник на двете организации.
Груевски информира дека наскоро ќе се знае дали ќе патува за Њујорк на Генералното собрание на ОН, поосчувајќи оти таму веќе е претседателот Ѓорге Иванов.

XS
SM
MD
LG