Достапни линкови

logo-print

Влошени односите Јапонија-Кина


Кинеската влада ги суспендира контактите со Јапонија на високо ниво, откако јапонскиот суд го продолжи притворот на капетанот на еден кинески рибарски брод. Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека јапонската одлука „сериозно ги нарушила кинеско-јапонските билатерални односи“.
Кина ги суспендира контактите на ниво на министри и претставници на провинциите, ги прекина разговорите за зголемување на бројот на летови меѓу двете земји и го одложи состанокот за јаглен со Јапонија.
Кинескиот рибарски брод се судри со јапонски патролни чамци во близина на спорни острови. Токио тврди дека судирот бил намерно предизвикан.
XS
SM
MD
LG