Достапни линкови

Голготата на стечајците продолжува


Од последниот протест на стечајните работници пред Собранието
Од последниот протест на стечајните работници пред Собранието

Стечајните работници од Куманово најавуваат поднесување на два предлог закони до Собранието за нивно обештетување.

Безмалку една година кумановските стечајци,технолошки и економски вишок не ги напуштаат просториите на поранешниот Комитет во центарот на градот. Иако секојдневно со нивните проблеми се присутни во македонската јавност, а од надлежните нема позитивни сигнали за надминување на нивните егзистенцијални проблеми, тие не се откажуваат од нивните барања. Собрени во Здружението УНИТ од
Гола егзистенција. Јас одам по канти и ги собирам парчињата леб, што го фрлаат оние одгоре, „буџи“. Никој во семејството не работи, ни го скинаа и правото за лекување
Куманово, секојдневно мака мачат како да го поминат денот без пари и како што велат без леб, а понекогаш со некаква милостина од некој кому малку ќе му проработи совеста и ќе им помогне. Тоа е, капка во море, велат тие. А 56 -годишниот Чедомир Стојковски со 30 години работен стаж во поранешниот ЧИК Куманово раскажува дека тој неговото четиричлено семејство го прехранува, собирајќи леб по контејнерите. Тоа укажува дека најголемиот дел од стечајците немаат ниту:

„Гола егзистенција. Јас одам по канти и ги собирам парчињата леб, што го фрлаат оние одгоре, „буџи“. Никој во семејството не работи, ни го скинаа и правото за лекување“.

Чедомир додава дека ништо друго не му преостанало освен да го минува времето во просториите на Комитетот и да ги подржува барањата на УНИТ.
Љиљана Георгиевска од ова Здружение вели дека нивните следни чекори се на почетокот на идниот месец да поднесат два предлог закон
Да поднесеме предлог Закон за обесштетување на стечајните работници, технолошки и економски вишок кои имаат над 15 години стаж
до Собранието.

„Да поднесеме предлог Закон за обесштетување на стечајните работници, технолошки и економски вишок кои имаат над 15 години стаж, а старост 50 години за жени и 53 за мажи до нивното ново вработување или пензионирање. Тоа се работници кои не по своја вина останале без работа во нивните пропаднати фирми.“

Меѓутоа, Георгиевска додава и дека овој предлог закон ќе биде со мала корекција:

„Наместо 30 отсто од платниот буџет на РМ, да биде 40 отсто бидејќи и потрошувачката кошница е со зголемена сума.“

Новина е и вториот предлог закон кој ќе се однесува на:

„Предлог закон за признавање стаж на оваа категорија работници за да се опфати што поголем број од оваа категорија работници.“

Вели Георгиевска од Здружението УНИТ од Куманово и додава дека и во наредниот период пред очите на надлежните во државава ќе излегуваат со мирни протести.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG