Достапни линкови

logo-print

Крвав изборен ден во Авганистан


Изборниот ден во Авганистан заврши со најмалку 10 мртви. Насилствата и слабата излезност на граѓаните ги одбележаа и овие избори. Се претпоставува дека многумина Авганистанци не излегоа на гласање поради заканите од Талибанците.
Изборите ги обезбедуваа десетици илјади авганистански и НАТО војници. Сепак, од безбедносни причини, околу 1000 гласачки места не беа отворени.
Освен насилствата, на изборите беа пријавени и бројни нерегуларности. Дел од набљудувачите обвинија дека мастилото со кое се премачкува прстот на тој што веќе гласал, за да не може два пати да гласа, многу лесно се миело што остава простор за злоупотреби.
Првичните резултати од изборите се очекуваат на 8 октомври, а конечните резултати ќе бидат објавени на крајот на наредниот месец.
XS
SM
MD
LG