Достапни линкови

Интервју - Никола Тупанчевски


Проф. д-р Никола Тупанчевски
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:28 0:00

Правен Факултет

Сите тие случаи што нема да добијат завршница, тогаш вистинското прашање е дали државата навистина е подготвена за сузбивање на овие форми на криминалитет.

Професоре Тупанчевски во изминатов период неколку политички парии иницираа случаи за ненаменско трошење на државни пари. Како го оценувате степенот во кој нивните извештаи стануваат предмет на истражување на органите особено на Јавното обвинителство?

Претспоставувам дека мислите на извештаите дадени од Државниот завод за ревизија, исто така свои иницијативи имаше Државната комисија за спречување на корупцијата, имаше одредени иницијативи од Управата за спречување на пари. Ако се земе предвид дека тоа се трите главни тела во Македонија кои што се субспецијализирани за борба против организираниот криминал и корупцијата тогаш навистина, ако не друго барем индикативно е дека иницијативите на специјализираните тела, не доживуваат завршница. Една од причините може да биде дека е лошо подготвена иницијативата значи да се бара вина и да се бара одговорност во начинот или квалитетот на подготвување на иницијативата. Втората причина која што би можела да се претпостави заради лошата завршница, може да биде несоработката, некоординацијата меѓу разните тела задолжени за борба против криминалитетот. Третата и можеби најмалку важна, може да се каже дека преставува инсуфициентноста на некоја држава за борба со овие форми на криминалитет. Така што можеби ова се некои причини кои што може да претпоставуваме дека недовеле до завршница, меѓутоа дефинитивно самото поведување на иницијатива, а незавршувањето на самата постапка навистина треба да биде загрижувачка за Македонија како држава која претендира да биде дел од европското семејство.

Дали извештаите на Државниот завод за ревизија каде беа посочени злоупотреби на милионски суми од буџетот од неколку министерства, имаат некаква цел со оглед дека немаше одговорност во однос на изнесеното?


Извештаите ги прави Државниот завод за ревизија, тој не е некое квазиекспертско тело, тоа е Државен завод со компетентни луѓе кои се задолжени да ги контролираат расходите на државата. Значи најкопетентните, оние луѓе што ги плаќа државата и кои што државата ги избрала на некој начин, изнесуваат идникатори дека нешто негативно, девијантно се случува со трошењето на државните пари. Тоа негативно во колкав квалитет е, треба да се провери, да се види до каде е, дали тој квалитет е и доволен всушност за поднесување на кривична пријава. Затоа што ако се споменуваат милионски суми на пари кои што незаконски потрошени, тоа е причина плус за другите субјекти кои би требало да имаат перфектна комуникација со овие тела, да постапат по иницијативите на овие тела. Се разбира не треба да се заборави фактот дека понекогаш се работи за сложени случаи, ќе треба повеќе време, доволен број експерти кои што ќе го потврдат она што го рекле ревизорите, меѓутоа во секој случај тоа е обврска на институциите што се задолжени да постапуваат според обврските што им се дадени со закон.

Како може да се афирмира одговорност во државата, ако за непочитување на одредбите за трошење пари нема последица во смисла на кривична постапка?

Знате што беа посочени злоупотребите, меѓутоа дефинитивно се остана на иницијатива, а иницијативата ништо не значи додека не добие правна завршница. Меѓутоа ако четири или пет пати едно министерство не успее да реализира тендер тогаш навистина повторно се создава впечаток дека нешто не е во ред, во смисла на тоа дали се бира, фаворизира одредена фирма итн, или моментално министерството не е подготвено да изработи нешто. Во секој случај и едната и другата опција се многу негативни за примената на правото и на некој начин индицираат дека може да се работи за некаква злоупотреба.

Да се навратиме на случајот на Управата за спречување на перење пари. Од страна на ревизорите беа изнесени крупни констатации за незааконско трошење пари, за купување мебел и вработувања. Директорот си замина од функцијата, но немаше последица за никој во смисла на кривична постапка?

Веројатно е различна диоптријата како тоа го гледа Државниот завод за ревизија, како го гледа Владата или другите тела што се специјализирани за продолжување на постапката. Ревизорите констатираат дека има неправилности, меѓутоа дали тие неправилности имаат таков квалитет да бидат форматирани во кривична пријава, тоа ќе зависи од Јавното обвинителство односно Министерството за внатрешни работи. Во конкретниот случај за мене е изненадувачки после такви најави, јас би рекол помпезни, без да се употреби зборот злоупотреби, меѓутоа незаконоското трошење на пари и ненаменското не некој начин упатува кон зборот злоупотреба на средства и тоа средства кои што се всушност државни. И од тие причини сите тие случаи што нема да добијат завршница, тогаш вистинското прашање е дали државата навистина е подготвена за сузбивање на овие форми на криминалитет.

Од друга страна секој месец во изминатиов период имаме големи акции како оние со вработените на патарина, со цариниците, акцијата Метастаза која влезе во судска процедура. Гледате ли резултати од овој ангажман?

Значи рано е уште да се коментира затоа што тие се сеуште во судска процедура, ќе видиме како ќе се разива ситуацијата меѓутоа дефинитивно се создава впечаток дека Македонија на некој начин почнала да се справува со сериозните форми на криминалитет. Велам се создава само впечаток, меѓутоа не докрај сите сме убедени дека ќе го задржиме тој впечакот до крајот. Ако земете предвид, уште не е точно констатирана бројката, колкав е бројот на поднесени иницијативи и на завршени предмети, во таков случај ние ќе имаме еден конкретен показател дали Македонија е на нивото што од нас го бараат и европските правила, меѓутоа и ние како демократска држава би требале тоа да го направиме.

Државната комисија за спречување на корупцијата се пожали дека голем број од случаите остануваат без завршница. Дали владата нема воља?

Предмалку споменав дека сите ние декларативно сме за борба против криминалитетот, меѓутоа во конкретните ситуација, имате Антикорупциската комисија поднесе милиони иницијативи во врска со конфликтот на интереси. За мене не смее да се смета една држава за демократска, доколку функционерите, именувани, избрани, поднесуваат извештај до својот партиски лидер или партијата во врска со поднесената иницијатива. Се разбира дека доколку од Антикорупциската комисија е поведена иницијатива за судир на интереси, ќе мора лицата кои што се повикани, да дадат свое објаснвуање или да соопштат до Антикорупциската комисија дека судирот на интереси престанал, бидејќи единствено таа треба да го констатира тоа, а не таа да дознава од медиумите дека на некој лица им престанал судирот на интереси.

Во колква мера може да се каже дека нависина на задачата е Јавното обвинителство?

Во принцип сметам дека тие се ограничени во однос на она што им е поднесено како кривична пријава. Често пати се случува да стартуваме со еден член од КЗ, а потоа да завршиме со некоја преквалификација на делото. Значи, почнува од сериозен тип на криминалитет, до багателен тип на криминалетет. Токму затоа обвинителството работи според она што му е сервисирано. Колкава е улогата? Се разбира дека инзвонредно значајна е улогата на Јавниот обвинител, од него зависи дали продолжува или застанува. Моето лично мислење во однос на обвинителството, сметам дека треба дополнително да бидат засилени капацитетите на обвинителството, да има специјализираност како на обвинителите така и на судиите за одредени категории на кривични дела, затоа што неможе еден ист судија да суди за перење пари и за обична кражба. Тој може меѓутоа сепак перењето пари како посложена форма на криминалитет бара и дополнителни предзнаења.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG